Кога си осамен и неразбран, не си сам.
Тука сме ние.
Кај нас ќе најдете мир и сигурност, луѓе со истиот проблем и луѓе кои ве прифаќаат и знаат како да ви помогнат. Првиот чекор што можеш да го направиш за себе, за својот живот е да ни се придружиш. Тој чекор е најтешкиот но тој е почетокот на твојата промена.
Цели
Тераписка заедница “Покров” е првата долгорочна рехабилитациона програма за одвикнување од дрога, алкохол и хазард во Македонија, отворена во 2009 г. структурирана по принципот на светските тераписки заедници.
Ние ја третираме зависностна како пореметување на целата личност, и затоа програмата е ориентирана кон промена на негативниот идентитет и стил на живеење на индивидуата, за којашто социjалната структура во тераписката заедница е неопходна и исклучително полезна.
Она по кое ние се разликуваме е развивањето на социјално претприемништво кое треба да поттикне позитивни општествени промени и социјална инклузија на сите клиенти кои целосно ќе ја завршат програмата.
Нашиот тим е посветен да промовира промена, градејќи здрави животни стилови, и обезбедувајќи грижа за клиентите на највисоко ниво, со помош на најновите докажани ефективни методи и техники.
Зошто ние
Моделот на тераписка заедница е базиран на современите методи за одвикнување од алкохол, дрога и хазард, вклучуваќи интегриран пристап на професионалните психотерапии: КБТ (когнитив-бихејвиор терапија), системска семејна психотерапија и методот на тераписка заедница.
Она по кое ние се разликуваме е развивањето на социјално претприемништво кое треба да поттикне позитивни општествени промени и социјална инклузија на сите клиенти кои целосно ќе ја завршат програмата.
Како сме создадени
Тераписката заедница Покров е заеднички проект на МПЦ Струмичка епархија и Здружение Избор. Реконструкцијата на просторот е овозможен преку програмата “Форуми во заедницата”. Најголем дел од средствата во проектот Покров се донирани од Швајцарската агенција за развој (SDC), Општина Струмица, Струмичка епархија, Нипром и други партнери од локалниот бизнис сектор. Целиот процес го водеше и го реализира Центарот за институционален развој (ЦИРа).
Што да очекувате
Што да очекувате во Тераписка заедница Покров?
1. Тераписки активности (групна, индивидуална, семејна психотерапија);
2. Работно – окупациона терапија;
3. Семинари, курсеви и обуки;
4. Спортски активности;
5. Активности во слободното време.
Мисија
Сакате да се промените?
Oва е вистинското место за вас.